Пролет, лето,есен,зима....и повторно пролет

Објавено: Четврток, 04 Април 2019

Изложба ; „Пролет, лето,есен,зима....и повторно пролет“

Меѓународен ден на лицата со аутизам

Објект: Чифте амам

Датум: 4.04.2019 година, во 12 часот

Изложбата ја отвори покровителот на проектот „ Уметност за сите“ - амбасадорот на Кралство Холандија во Република Македонија г-дин Ваутер Пломп.

Повеќе: Пролет, лето,есен,зима....и повторно пролет

Уреден еколошки двор

Објавено: Петок, 15 Март 2019

Извештај од Еко-одборот за Еко стандард – Уреден еколошки двор

Во текот на месец март започна реализацијата на акцијата од Еко стандардот –Уреден еколошки двор во кој учество земаа учениците од прво до деветто одделение, наставници од одделенска и предметна настава, техничкиот персонал како и домаќинот на училиштето кои  преку разни активности и предлози за разубавување на училишниот двор допринесоа за успешна реализација на поставените цели.

Повеќе: Уреден еколошки двор

Мартинијада

Објавено: Петок, 01 Март 2019

По повод Први март, првачињата од нашето училиште организираа настан „Мартинијада„.

Беа изложени изработки направени од рачињата на првачињата и помош од родителите и наставничките. Настанот беше успешен на голема радост и задоволство на сите.

 

Мартинка-знак за доаѓање на пролетта.

 

Повеќе: Мартинијада

Обука за заштита и спасување од природни непогоди

Објавено: Понеделник, 10 Декември 2018

На ден 11.12.2018 година, дирекцијата за заштита и спасување организираше обука за учениците. Обуката ја проследија учениците од 8мо одделение и на истата се запознаа со природните непогоди, мерките за нивно спречување и заштита од несакани последици предизвикани од природните непогоди. 

Повеќе: Обука за заштита и спасување од природни непогоди

БИОФИЛИЈА

Објавено: Четврток, 29 Ноември 2018

Денес во нашето училиште гостуваше и се одржа Едукативниот проект Биофилија под логото СЛУШАЈ,УЧИ И СОЗДАДИ.Проектот има за цел да ги инспирира учениците да ја истражуваат својата креативност и да научат повеќе за МУЗИКАТА, НАУКАТА И ПРИРОДАТА преку НОВИ ТЕХНОЛОГИИ.Проектот БИОФИЛИЈА се базира на апликација на музика на BJORK и интерактивни едукациони артифакти. Преку 10 апликации на песни од BJORK учениците ги спојуваат природните елементи со музички теми инспирирани од природата. Преку овој проект наставниците од музичката уметност и природната група на предмети биологија, хемија, физика и математика ги соединиа своите исти цели, а тоа е на учениците учењето да им биде забавно и интересно.

Повеќе: БИОФИЛИЈА

 Линкови Контакт  Следете не
Биро за развој на образованието
Основно училиште "Свети Кирил и Методиј"        
Министерство за образование и наука

Ул. 1737 бр.1 - 1000 Скопје,

Република Северна Македонија

  Телефон: + 389 2 3164357  
  Факс: + 389 2 3164357  
  Е-Пошта: oukimsk[at]yahoo.com