Дигитализација на училишен весник КИМ
Нашето училиште создава успешни приказни.
Се надеваме дека уличишниот весник "КИМ" со своето прво дигитално издание ќе ја продолжи традицијата на успешна приказна. Како училиште на 21от век ги следиме и сме дел од овој еволутивен скок на образовниот систем и технологијата, каде дигиталните вештини се многу важен елемент како за децата, така и за наставниците.
Дигиталното издание почнува од нула со одличен тим од ученици кај кои желбата за знаење е на високо ниво.
На децата им даваме можност да ги артикулираат своите мисли во дигитална околина и да бидат дел од тим кој критички размислува, доаѓа до креативни решенија, успешно соработува и најважно создаваме дигитална алатка со потенцијал за траен производ.
Посети: 2772