Пролет, лето,есен,зима....и повторно пролет

Категорија: Настани Објавено: Четврток, 04 Април 2019

Изложба ; „Пролет, лето,есен,зима....и повторно пролет“

Меѓународен ден на лицата со аутизам

Објект: Чифте амам

Датум: 4.04.2019 година, во 12 часот

Изложбата ја отвори покровителот на проектот „ Уметност за сите“ - амбасадорот на Кралство Холандија во Република Македонија г-дин Ваутер Пломп.

Согледувајќи ги актуелните проблеми со кои секојдневно се соочуваат децата со аутизам и нивните семејства како и фактот дека нивниот број секојдневно расте, Национална галерија посветено работи на унапредување на нивната положба, гледаat на нивниот успех како успех за сите нас. Во автентичниот амбиент на Чифте амам беа организирани креативни работилници во кои учествуваа деца од повеќе училишта од Штип и Скопје.

Креативноста кај овие деца дадоа многу разновидни решенија, работејќи и поврзувајќи различни материјали од органско и неорганско потекло, а од нив произлезе и изложбата насловена „Пролет, лето, есен, зима... и повторно пролет“.

Преку Овој проект Националната галерија го одбележува Меѓународниот ден на лицата со аутизам 2-ри април.

Координатор на проектот „Уметност за сите “ е Маја Димитрова

Учениците од 1-3 и 6-3 заедно со наставничката Катерина Богдановска беа меѓу присутните и истите беа воодушевени од изложбата.

 

Фото Галерија

Посети: 1120
 Линкови Контакт  Следете не
Биро за развој на образованието
Основно училиште "Свети Кирил и Методиј"        
Министерство за образование и наука

Ул. 1737 бр.1 - 1000 Скопје,

Република Северна Македонија

  Телефон: + 389 2 3164357  
  Факс: + 389 2 3164357  
  Е-Пошта: oukimsk[at]yahoo.com