Уреден еколошки двор
Извештај од Еко-одборот за Еко стандард – Уреден еколошки двор
Во текот на месец март започна реализацијата на акцијата од Еко стандардот –Уреден еколошки двор во кој учество земаа учениците од прво до деветто одделение, наставници од одделенска и предметна настава, техничкиот персонал како и домаќинот на училиштето кои преку разни активности и предлози за разубавување на училишниот двор допринесоа за успешна реализација на поставените цели.
Акцијата се спроведуваше во неколку етапи. Најпрво беше констатирана фактичката состојба во училишниот двор и учениците од Еко Патролата кои дадоа предлози за разубавување на истиот. До директорот на училиштето беше доставена спецификација за набавка на потребни материјали за реализација на акцијата и истата беше одобрена. Со тоа беа набавени 14 пластични жардиниери со држачи, 10 кутии со мрсна боја, 15 вреќи со компост и пластични вреќи за ѓубре.
На 15.03.2019година учениците заедно со наставниците започнаа акција за разубавување на дел од просторот во училишниот двор. Акцијата се состоеше од фарбање на прозорските решетки во различни бои со цел за по пријатна и колоритна опкруженост во просторот.
Истиот ден беше направено кастрење на растенијата ,чистење на коровот и ѓубрето во училишниот двор. Самата акција беше потребна како подготовка за следната активност – засадување цветни садници и хортикултурно разубавување на дворот.
На ден 17.03.2019г. учениците од деветто одделение ги офрабаа автомобилските гуми во различни бои и со тоа ги подготвија да послужат како жардиниери во кои ќе бидат засадени сезонски цвеќиња на Денот на пролетта.
На 21.03.2019г. Денот на пролетта беше одбележан акција за засадување на садници и сезонски цвеќиња. Во акцијата учество земаа ученици од прво до деветто одделение заедно со нивните наставници, реализирајќи различни задачи. Учениците од прво до петто одделение донесоа сезонски цвеќиње( љубичици, петунии, циклами, сардели и др.) и истите ги засадија во 16 саксии поставени на решетките на прозорите а, останатите во жардиниерите од гуми.
Учениците од шесто до деветто одделение се погрижија за засадување на зимзелени украсни ратенија покрај училишната ограда.
Беа поставени и метални буриња претходно разубавени и офрабани во различни бои, а истите допринесоа за добивање слика на разиграност на бои и форми во дворот но, најдоа и практична примена како масички.
Од страна на Еко патролата констатирано е дека во еден дел од училишниот двор има поставено места за паркирање на велосипеди од страна на општина Центар кои ги задоволуваат потребите за оставање на велосипедите на ученици и вработени кои истите ги користат како превозни средства. Еко патролата даде предлог во иднина да се обележи и велосипедска патека и со тоа да се заокружи акцијата за Уреден еколошки двор за оваа учебна година.
Целта на овие акции е да се подигне еколошката свест и совест, како кај учениците така и кај возрасните , за поубава , почиста и еколошки чиста средина.
Посети: 1490