Мартинијада
По повод Први март, првачињата од нашето училиште организираа настан „Мартинијада„.
Беа изложени изработки направени од рачињата на првачињата и помош од родителите и наставничките. Настанот беше успешен на голема радост и задоволство на сите.
Мартинка-знак за доаѓање на пролетта.
Велат дека подарената мартинка е знак за топло пријателство, здравје и среќа.
Се прави со испреплетување на црвен и бел конец. Црвената боја ја симболизира крвта и љубовта а белата чистота и искреност. Мартинката се подарува на првиот ден од месец март, во чест на Баба Марта. Истата се носи како алка на рака или се закачува на облека и се носи се додека не видите расцветано дрво. Се врзува на расцветаното дрво со желби за здравје за себе и за добро здравје на своите најблиски.
Посети: 1629