БИОФИЛИЈА
Денес во нашето училиште гостуваше и се одржа Едукативниот проект Биофилија под логото СЛУШАЈ,УЧИ И СОЗДАДИ.Проектот има за цел да ги инспирира учениците да ја истражуваат својата креативност и да научат повеќе за МУЗИКАТА, НАУКАТА И ПРИРОДАТА преку НОВИ ТЕХНОЛОГИИ.Проектот БИОФИЛИЈА се базира на апликација на музика на BJORK и интерактивни едукациони артифакти. Преку 10 апликации на песни од BJORK учениците ги спојуваат природните елементи со музички теми инспирирани од природата. Преку овој проект наставниците од музичката уметност и природната група на предмети биологија, хемија, физика и математика ги соединиа своите исти цели, а тоа е на учениците учењето да им биде забавно и интересно.
Едукативниот час го спроведе г-ѓа Рагна Скинер од Исланд. Овој проект организациски ни го овозможи ,,Музичка младина на Р Македонија" подржано од страна на Министерството за култура на РМ. Голема благодарност до г-дин Александар Геровски -Геро Генерален Секретар на ММ и координаторот г-ѓа Симона Симуноска. Голема благодарност до учениците кои учествуваа во проектот од VIII и IX одд, наставниците и директорот на училиштето.