Просоцијално учење - учење со емпатија
Учениците од II3 одделение, од нашето училиште, реализираа активности во рамките на проектот ПРОСОЦИЈАЛНО УЧЕЊЕ-УЧЕЊЕ СО ЕМПАТИЈА. По покана на родител(претприемач) и во соработка со локалната средина, учениците, наставничките и група родители заедно, остварија посета на Маркетот „Тинекс“ во рамките на ТЦ„Зебра“ . Учениците имаа за цел преку заедничка дружба, соработка и непосредна комуникација да се запознаат со здравата храна, потекло и начин на одржување, запознавање со нови видови овошје и зеленчук кои се одгледуваат и растат во различни поднебја од нашето, да развиваат одговорен однос кон храната, да се поттикнува претприемачки дух и промовирање на етичко однесување на јавни места.
Во вториот дел од активноста се реализира ликовно изразување-сликање со основна боја, мотив „Црвени јаболка“.