Национална акција за чистење на отпадот
Во пресрет на Светскиот ден на чистењето 15 септември, нашите ученици се вклучија во националната акција за чистење на отпадот.
Обидинети со милиони волонтери од 150 земји ќе се обидеме да го исчистиме светот од отпад во еден ден. Еколошката секција од нашето училиште спроведе акција на чистење на отпадот кој се наоѓа на несоодветни места , како и подигнување на свеста на учениците за правилно управување со отпадот.
Министерството за образование и наука е носител на акцијата за основните и средните училишта. Секоја година поддршка даваат повеќе владини и невладини институции како: Министерство за животна средина и просторно планирање, Министерство за локална самоуправа, Агенција за млади и спорт, Го Грин, , Центар за управување со кризи, Заедниците на единиците на локалната самоуправа и слично.