Делата на истакнатиот турски писател
Учениците од V1 и V 2 одд. беа во посета на НУБ “Св. Климент Охридски”, по повид делата на истакнатиот турски писател Неџати Зекерија. Тие учествуваа во перформансот, односно, со своите цртежи, на кои го сликаа делото “Орхан” го збогатија истиот.
Училишна сообраќајна единица
Училишна сообраќајна единица
Посета на Стопанска Банка
Посета на Стопанска Банка по повод месецот на штедење.
Просоцијално учење - учење со емпатија
Учениците од II3 одделение, од нашето училиште, реализираа активности во рамките на проектот ПРОСОЦИЈАЛНО УЧЕЊЕ-УЧЕЊЕ СО ЕМПАТИЈА. По покана на родител(претприемач) и во соработка со локалната средина, учениците, наставничките и група родители заедно, остварија посета на Маркетот „Тинекс“ во рамките на ТЦ„Зебра“ . Учениците имаа за цел преку заедничка дружба, соработка и непосредна комуникација да се запознаат со здравата храна, потекло и начин на одржување, запознавање со нови видови овошје и зеленчук кои се одгледуваат и растат во различни поднебја од нашето, да развиваат одговорен однос кон храната, да се поттикнува претприемачки дух и промовирање на етичко однесување на јавни места.
Национална акција за чистење на отпадот
Во пресрет на Светскиот ден на чистењето 15 септември, нашите ученици се вклучија во националната акција за чистење на отпадот.
Обидинети со милиони волонтери од 150 земји ќе се обидеме да го исчистиме светот од отпад во еден ден. Еколошката секција од нашето училиште спроведе акција на чистење на отпадот кој се наоѓа на несоодветни места , како и подигнување на свеста на учениците за правилно управување со отпадот.