Бабини игри
Реализирани активности од проектот ИГРОВИЗИЈА. Учење врз основа на традиционални детски игри и негување на мултиетнички културни вредности како дел од светското културно историско минато.
Месец на глатта 17 октомври -17 ноември
Нашето училиште има одлична соработка со Црвениот крст и редовно учествува во одбележување на сите манифестации и се вклучува во акции организирани од ЦК, а со тоа и од нашето училиште има излезено бројни Волонтери на ЦК. Неодамна се одвиваше и хуманитарната акција по повод Месецот на глатт, во која се изврши продажба на купони за гладните и се собраа неколку паќети со прехрамбени продукти и истите беа донирани на социјално загрозени семејства.
Најголемиот глобален час
Република Македонија, како членка на Обединетите Нации, преку МОН со поддршка на УНИЦЕФ активно се вклучи во реализирањето на глобалната иницијатива „Најголем глобален час“, која произлегува од Усвоената резолуција на ОН на 25 септември 2015 година за „Трансформирање на нашиот свет: Агенда 2030 за одржлив развој.“
Имено, на 13 ноември 2017 година и нашето училиште се вклучи кон одржувањето на „Најголемиот глобален час“. Предавањата се одвиваа на одделенскиот час со ученици од четврто до деветто одделение.
Есенска Екскурзија
На ден 17.10.2017 се реализираше еднодневна есенска екскурзија во излетничкото место „Сарај„.
Екскурзијата беше од рекреативен карактер. Учениците се запознаа со излетничкото место,се рекреираа и дружеа, стекнаа навики за чување на животната средина.
Безбедност во сообраќајот како пешак
Во месец октомври нашето училиште беше посетено од представници на СВР Скопје. Истите одржаа предавање на тема „Безбедност во сообраќајот како пешак„. Учениците со задоволство го следеа предавањето и се оспособија за безбедно учество во сообраќајот како пешаци.