Најголемиот глобален час
Република Македонија, како членка на Обединетите Нации, преку МОН со поддршка на УНИЦЕФ активно се вклучи во реализирањето на глобалната иницијатива „Најголем глобален час“, која произлегува од Усвоената резолуција на ОН на 25 септември 2015 година за „Трансформирање на нашиот свет: Агенда 2030 за одржлив развој.“
Имено, на 13 ноември 2017 година и нашето училиште се вклучи кон одржувањето на „Најголемиот глобален час“. Предавањата се одвиваа на одделенскиот час со ученици од четврто до деветто одделение.
Целта на овој проект беше учениците активно да се вклучат во оваа глобална иницијатива, да разменат мислења и да се запознаат со глобалните цели за одржлив развој. Промовирањето и едукацијата на правилната исхрана на учениците имаше цел да се изградат добри навики во исхраната почнувајќи од раното детство.
Вклучувањето на учениците во глобалната платформа исто така беше со цел учениците да се приклучат и споделуваат мисли и искуства со своите соученици од светот.
Посети: 852