ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА 180 ГОДИНИ ОД ПОСТОЕЊЕ

Категорија: Настани
Објавено: Петок, 06 Мај 2016

ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА 180 ГОДИНИ ОД ПОСТОЕЊЕ НА

ООУ "СВЕТИ КИРИЛ И МЕТОДИЈ" – ЦЕНТАР

 

         ООУ "Свети Кирил и Методиј" – Центар , Скопје, НАЈСТАРО УЧИЛИШТЕ  КОЕ БЕЛЕЖИ 180 години ПОСТОЕЊЕ, го одбележува својот ПАТРОНАТ со музејска поставка на училишни експонати , документи, стари списи  , фотографии од пред втората светска војна, пред и после земјотресот со  возобновувањето , па се до денес.

Повеќе: ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА 180 ГОДИНИ ОД ПОСТОЕЊЕ

Нашето богатство е фолклорот

Категорија: Настани
Објавено: Вторник, 29 Март 2016

       Во склоп на темата „Како се изразуваме“ и во соработка со Институтот „Конфуциј“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, учениците од V-1одделение ја посетија работилницата за кинеска култура „Сечење хартија – древна кинеска уметност“ која се одржа во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Учениците имаа можност да стекнат знаења и вештини за оваа кинеска фолклорна уметност и да ги прошират знаењата во однос на централната идеја „Нашето богатство е фолклорот“.  

Повеќе: Нашето богатство е фолклорот

Ден на екологија

Категорија: Настани
Објавено: Понеделник, 21 Март 2016

    Денот на екологијата, 21 Март со бројни активности се одбележа и во нашето училиште. Целта на спроведената акција беше зајакнување на еколошката свест кај учениците и создавање навики за чиста и здрава животна средина. Учениците го искористија првото пролеттно сонце во собирање отпадоци, чистење на училишниот двор, засадување садници, уредување на училниците со изработки по повод доаѓањето на пролетта како и праќање на еколошки пораки.

Повеќе: Ден на екологија

Посета на МОБ - Мала Волшебна Флејта

Категорија: Настани
Објавено: Понеделник, 14 Март 2016

Учениците од IV и V одделение, заедно со своите одделенски наставнички, беа во  посета наМОБ и ја проследија  адаптираната опера за деца „Мала волшебна флејта“ од В.А. Моцарт . Посетата беше изведена согласно методологијата на IB програмата и продлабочување на знаењата од трансдисциплинарната тема „Како се изразуваме“. Целта на посетата беше учениците да стекнат пошироки знаења и искуства за медиумската култура, да умеат да ја препознаваат пораката како најбитен елемент, навика за културно однесување во културни установи и љубов кон културно-уметничките дејности уште од раното детство.

Повеќе: Посета на МОБ - Мала Волшебна Флејта

Посета на изложбата на Пикасо

Категорија: Настани
Објавено: Среда, 09 Март 2016

Учениците од IV одделение ја посетија изложбата на дела од големиот шпански сликар Пабло Пикасо во Галеријата на МКЦ.

Посетата беше изведена согласно методологијата на IB програмата и продлабочување на знаењата од трансдисциплинарната тема „Како се изразуваме“. Учениците имаа можност да се запознаат со творештвото на еден од најзначајните и влијателни уметници на 20. век, татко на уметничкиот правец кубизам. Овој голем автор има посебна врска со Скопје. Во знак на солидарност по скопскиот земјотрес тој лично го подарил делото „Глава на жена“, кое е дел од колекцијата на Музејот за современа уметност. Во рамките на оваа посета учениците имаа можност да бидат млади уметници и да создаваат во стилот на познатите, инспирирани од делата на П.Пикасо.

Повеќе: Посета на изложбата на Пикасо

 Линкови Контакт  Следете не
Биро за развој на образованието
Основно училиште "Свети Кирил и Методиј"        
Министерство за образование и наука

Ул. 1737 бр.1 - 1000 Скопје,

Република Северна Македонија

  Телефон: + 389 2 3164357  
  Факс: + 389 2 3164357  
  Е-Пошта: oukimsk[at]yahoo.com