Нашето богатство е фолклорот
Категорија: Настани
Објавено: Вторник, 29 Март 2016
Во склоп на темата „Како се изразуваме“ и во соработка со Институтот „Конфуциј“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, учениците од V-1одделение ја посетија работилницата за кинеска култура „Сечење хартија – древна кинеска уметност“ која се одржа во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Учениците имаа можност да стекнат знаења и вештини за оваа кинеска фолклорна уметност и да ги прошират знаењата во однос на централната идеја „Нашето богатство е фолклорот“.
Повеќе слики во фото галеријата.
Посети: 1610