Посета на МОБ - Мала Волшебна Флејта
Категорија: Настани
Објавено: Понеделник, 14 Март 2016
Учениците од IV и V одделение, заедно со своите одделенски наставнички, беа во посета наМОБ и ја проследија адаптираната опера за деца „Мала волшебна флејта“ од В.А. Моцарт . Посетата беше изведена согласно методологијата на IB програмата и продлабочување на знаењата од трансдисциплинарната тема „Како се изразуваме“. Целта на посетата беше учениците да стекнат пошироки знаења и искуства за медиумската култура, да умеат да ја препознаваат пораката како најбитен елемент, навика за културно однесување во културни установи и љубов кон културно-уметничките дејности уште од раното детство.
Посети: 1760