Упис на првачиња 2021/2022

Категорија: Uncategorised Објавено: Среда, 28 Април 2021

Упис на првачиња 2021/2022

Образование по мерка на вашите деца.

Изберете го најстарото основно училиште во Република Македонија ООУ "Свети Кирил и Методиј", Центар - Скопје.

Вистинското знаење нема рок на траење.

 

НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ

Почитувани родители, Ве известуваме дека уписот на првачињата за учебната 2021/2022 година ќе се врши електронски преку порталот uslugi.gov.mk и на следната меил адреса на училиштето:Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

На училишната веб странаoukimcentar.edu.mk има објавено Пријава за упис. Потребно е истата да ја симнете, да ги пополните бараните информации и да ја доставите на погоре посочениот мејл на училиштето.

Пријавите треба да бидат пополнети и доставени електронски најдоцна до 31 мај.

Според член 63 став 1 од Законот за основно образование пријавата треба да ја пополнат родителите односно старателите на оние деца кои според реонизацијата припаѓаат на ООУ „Свети Кирил и Методиј“, Центар – Скопје

По пријавувањето од страна на стручната служба на училиштето, телефонски ќе бидете известени за терминот на тестирање кој ќе се реализира од 5 до 31 мај 2021 година.

                                                    

            Документите потребни за упис може да се прикачат на меил адресата на која е наведена погоре во текстот заедно со пријавата или да се достават на денот на теститањето.

Потребни документи за запишување:

-        Извод од матична книга на родените (фотокопија)

-        Копија од лична карта на родителот / старателот

-        Потврда за примени задолжителни вакцини издадена од надлежна здравствена установа

-        Медицинска белешка за извршен стоматолошки преглед издадена од надлежна здравствена установа

-        Медицинска белешка од офталмолошки преглед издадена од надлежна здравствена установа

                                                                                                                     Директор

Соња Кирковска

Пријава за упис 

Начин на пријавување

Известување

Улици кои влегуваат во опфатот на ООУ„Свети Кирил и Методиј“

 

 

Посети: 6212
 Линкови Контакт  Следете не
Биро за развој на образованието
Основно училиште "Свети Кирил и Методиј"        
Министерство за образование и наука

Ул. 1737 бр.1 - 1000 Скопје,

Република Северна Македонија

  Телефон: + 389 2 3164357  
  Факс: + 389 2 3164357  
  Е-Пошта: oukimsk[at]yahoo.com