Упис на првачиња 2021/2022
Образование по мерка на вашите деца.
Изберете го најстарото основно училиште во Република Македонија ООУ "Свети Кирил и Методиј", Центар - Скопје.
Вистинското знаење нема рок на траење.
НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ
Почитувани родители, Ве известуваме дека уписот на првачињата за учебната 2021/2022 година ќе се врши електронски преку порталот uslugi.gov.mk и на следната меил адреса на училиштето:Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
На училишната веб страна – oukimcentar.edu.mk има објавено Пријава за упис. Потребно е истата да ја симнете, да ги пополните бараните информации и да ја доставите на погоре посочениот мејл на училиштето.
Пријавите треба да бидат пополнети и доставени електронски најдоцна до 31 мај.
Според член 63 став 1 од Законот за основно образование пријавата треба да ја пополнат родителите односно старателите на оние деца кои според реонизацијата припаѓаат на ООУ „Свети Кирил и Методиј“, Центар – Скопје
По пријавувањето од страна на стручната служба на училиштето, телефонски ќе бидете известени за терминот на тестирање кој ќе се реализира од 5 до 31 мај 2021 година.
Документите потребни за упис може да се прикачат на меил адресата на која е наведена погоре во текстот заедно со пријавата или да се достават на денот на теститањето.
Потребни документи за запишување:
- Извод од матична книга на родените (фотокопија)
- Копија од лична карта на родителот / старателот
- Потврда за примени задолжителни вакцини издадена од надлежна здравствена установа
- Медицинска белешка за извршен стоматолошки преглед издадена од надлежна здравствена установа
- Медицинска белешка од офталмолошки преглед издадена од надлежна здравствена установа
Директор
Соња Кирковска
Улици кои влегуваат во опфатот на ООУ„Свети Кирил и Методиј“
Посети: 6214