Еко Работилница
Во периодот од 7 до 11 Март во организација на YOUth CANсо учениците од IV1 и IV2 одделение се реализираа три работилници под мотото „ Несвесност на младите за екологијата“, и тоана тема:
1) Природни ресурси
2) Загрозени животни
3) Општо за екологијата
Дискусија со гостин баба или дедо
Дискусија со гостин баба или дедо на тема: „ Семејствата низ историјата - односите во семејството кога тие биле деца“. Посетата беше организирана со цел проширување на знаењата на учениците во однос на темата „Кои сме ние“.
Театар за деца и младинци - Убавицата и Ѕверот
Учениците од I до V одделение, заедно со своите одделенски наставнички, беа во посета на Театар за деца и младинци и ја проследија претставата „Убавицата и ѕверот“ . Целта на посетата беше развој на интересот на учениците за следење на театарска претстава; одблиску да се запознаат и да ја доживеат сцената, актерите, костимографијата, сценографијата; да распознаваат театарски претстави со различен карактер; забава и дружење.
Градење на американски град
Makerspace проектот кој ги вклучува младите ученици во воннаставните активности, градејќи го духот за тимска работа и зајакнувајќи ја креативноста на учениците.
Нашето училиште стана дел од овој проект односно од Глобалната работилница со учениците. Во релизирањето на овој проект учество зедоа вкупно 22 уеника од MYP од 6-9 одделение во рамките на групите предмети дизајн и арт од MYP заедно со нивните наставници. Преку овој прроект и неговата реализација учениците ги развија и вештините и целите од двете групи на предмети дизајн и арт.
Ден на отворено портфолио
На 29.12. 2015 година со почеток во 12 часот во нашето училиште се оддржа
3-Way conference, Ден на отворено портфолио или Училиштето отворена куќа на која учениците од сите одделенија ги презентираа постигнатите знаењаи вештинистекнати во текот на првото полугодие по методологијата на IB програмата.