Професионален развој на наставниците и стручните соработници
Професионален развој
Цели и задачи: Вклучување на наставниците во континуиран професионален развој-услов за успешна и ефикасна работа. Наставникот постојано да ги развива своите компетенции со цел да достигне и одржи висок квалитет на наставата во согласност со современите трендови и со барањата на модерниот свет.
Интеграција на еколошката едукација во образовниот систем на училиштето
Цели:
Воведување на еколошкото образование во воспитно образовниот процес
Подобрување на условите за престој и работа во училиштето
Поттикнување на учениците и вработените да размислуваат и да дејствуваат еколошки
Задачи:Исполнување на 7-те чекори од програмата за Еко училиште
Интеграција на еколошката едукација во сите предмети во одделенска и предметна настава изработка на еко проекти Одбележување на значајни еколошки датуми.
Библиотека
Основната цел на училишната библиотека е да негува и развива љубов и интерес кон книгата уште од најраната возраст, кај најмладата популација. Таа љубов посебно треба да се негува кај нашите ученици, кои во своите училишта ги прават првите чекори во прекрасниот и бесконечен свет на учењето и знаењето. Во тој контекст, училишните библиотеки претставуваат „центар на гравитација“ во царството на знаењето во училиштата , во кои учениците ќе ги направат првите контакти и каде ќе остварат непосредна комуникација со книгите, ќе го совладаат начинот на нивното користење и ќе им служат за збогатување на нивните знаења. Преку различни форми на работа, библиотекарот во тесна соработка со библиотекарската секција и воспитно-образовниот кадар, успешно и целосно ја остарува нивната благородна мисија.
Библиотекарот со своето образование и знаење, професионални компетенции, организациско и стручно искуство, работни навики, интеркадровски односи и мотивација, претставува главен двигател во развојот на училишната библиотека.
Библиотеката работи според програмата за работа на библиотекарот, води евиденција за примени учебници и списанија. Во рамките на училишната библиотека работи библиотекарската секција „Клуб на млади библиотекари“. Членовите на секцијата активно учествуваат при одбележувањето на празниците, имаат планирани средби со писатели, учествуваат на литературни читања, посетуваат и организираат изложби на книги и учествуваат на натпревари. Во учебната 2015 година, членовите на секцијата учествуваа на повеќе настани и хепенинзи кои ги организираше библиотекарската секција, во соработка со познати писатели и уметници кои воедно беа и гости во нашето училиште.
На почетокот на месец септември извршен е прием и доделување на учебници за учениците од I во до IX одд.
Во библиотеката се организираат настани во состав со формираните клубови, ликовна секција, литературен клуб на млади рецитатори и талентирани драмски изведувачи. Исто така, клубот на млади библиотекари учествуваше и во изработка на новогодишни честитки, проектирање на паноа за наставните теми. Изработка на плакат паноа, за водење на евиденција на реализираните настани за претставувањето на нашето училиште.
Во текот на месец септември и октомври, извршен е прием и доделување на учебници за учениците од I до IX одделение. На 25 Септември 2015 год. Членовите на секцијата Млади Библиотекари земаа учество на натпреварот одржан во Библиотеката Браќа Миладиновци, предводен од наставникот по македонски јазик Марија Варадинска.
Октомври 2015 - Следење на Обука на тема против Дискриминација – општина центар – Предавач , Душко Миновски .
Организирање на теми за вклучување на ученици на Работилница со вклучување на деца со посебни потреби, со претставници од нашето училиште.
Октомври 2015 – Добитник ПРВА Награда наш ученик Ифет Рамиќевиќ под раководство на ликовен педагог Николовска Маја . Учество на ликовен конкурс во организација на општината, со наслов Сакаме шарен , а не безбоен свет, со работилница и изложба во нашето училиште, на изработените дела од сите училишта учесници на манифестацијата.
8 – Ноември - Учество на ликовен конкурс во организација на општината, со наслов Мојот центар – мојот свет, по повод роденденот на општина Центар.
На 28 Ноемри присуствувавме на следење на обука за глаголицата со предавач Милош Линдро, НУБ СВ.Климент Охридски. На обуката беше овозможена и посета на депоата за реставрација на стари книги и следење на презентација за техниките на обновување и конзервирање на стари и вредни книги.
Изработка на табли со писмото глаголица за сценско кореогравскиот изложбен перформанс одржан на 04.12.2015 за учество на поетско музички перформанс и изложба на икони од Св. Климент Охридски, изработени од нашите ученици по повод одбележување на 180 год. Јубилеј,на ООУ. Св . Кирил и Методиј.
На 4.12.2015 година училиштето присуствуваше на свеченото доделување на благодарниците на учесниците во проектите „Креативност меѓу редови“и „Млад Светиклиментов Универзитет“ во холот на Националната и универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ Скопје.
Орган на управување - Училишен одбор
Училишниот одбор е активен фактор за креирање на современа и модерна настава, која ќе даде врвни резултати по успехот на учениците. Тој е орган на управување на училиштето предвиден со закон. Неговата улога и состав е законски определена.
Соработката меѓу Органот на раководење и Органот на управување во училиштето сигурно води кон успех и унапредување на дејноста на училиштето.
Орган на раководење - Работа на директорот
Работата на директорот е насочена кон следните активности:
- да обезбедува услови за најефикасно давање на воспитно-образовни, научно-истражувачки, едукативни, развојни и информатички услуги.
- да обезбедува стратегија за развој на училиштето која нема да биде подложна на влијание од окружувањето и на чести промени и нестабилност.
да обезбедува услови на организација, да ги задоволат барањата на оние државни органи кои ја контролираат нејзината работа (МОН, БРО, Државен просветен инспекторат и др.)
- да обезбеди континуирано користење информатичкиот систем кој ќе овозможи ползување на достигањата кај другите, но и нудење на своите достигања во науката, воспитанието, образованието, образовната технологија.
- да делува како авторитет кој компетентно и одговорно ги води организацијата, раководењето, мотивирањето и контрола над работата.
- да ја следи работата на учениците и да соработува со родителите во однос на успешно решавање на проблеми и тешкотии кои ги покажуваат учениците во наставата.
- да ја следи работата на наставниците и учениците на наставните часови и да придонесува за поквалитетно планирање и одржување на наставата.