Музејот – пријател на децата

Категорија: Настани Објавено: Среда, 08 Април 2015

Во среда, 08.04.2015г., со почеток во 12 часот, во големата конференцискасала на НУ Музеј на македонската борба беше поставена завршната изложба на проектот „Музејот – пријател на децата“. Во присуство на голем број одучесниците во проектот – ученици, наставници и родители беа изложени најуспешните дела во категории ликовни и литературни творби, наградени ипофалени творби и творби за изложување. На учесниците им беа доделени награди и признанија од страна на авторите на проектот и членовите на стручните комисии. Нашето одделение, III2, беше наградено во категоријата младиистражувачи, додека во категоријаталиковни творби, наградени беа учениците Кристијан Павловски III2 и Мила Крстиќ III2. Учениците се вклучија во проектотсо цел да ги прошират своите знаења во однос на тематаКако се изразуваме.

01

Почетоците на проектот Музејот – пријател на децата датираат од 2012 годинакога се одржаа првите креативни и едукативни работилници со ученици од Скопје инспирирани од постојаната музејска поставка на Музејот на македонската борба.

Повеќе слики во фото галеријата.

 

Посети: 992
 Линкови Контакт  Следете не
Биро за развој на образованието
Основно училиште "Свети Кирил и Методиј"        
Министерство за образование и наука

Ул. 1737 бр.1 - 1000 Скопје,

Република Северна Македонија

  Телефон: + 389 2 3164357  
  Факс: + 389 2 3164357  
  Е-Пошта: oukimsk[at]yahoo.com