Еко акција
Категорија: Настани
Објавено: Сабота, 01 Април 2017
По повод 1 Април 20 ученици од IV и V одделение земаа учествуво во мини маскенбалот во рамките на проектот „Месец март – еко акција во Општина Центар, исчистете ги домовите од опасен отпад“ во организација на Општина Центар и Нула Отпад ДОО. Главната тема на овој маскенбал беше изработка и претставување на маски од електричен и електронски отпад. Најдобрите маски беа наградени , а специјалната награда за групна маска „Баба и внука“ припадна на ООУ „Св. Кирил и Методиј“. Сите деца вклучени во оваа маска добија ваучери од Просветно дело.
Фото галеријата.
Посети: 472