Hour of Code

Категорија: Настани Објавено: Среда, 07 Декември 2016

Наставна содржина: Положба во просторот

Цели:

- Се запознаваат со поимот алгоритам

-Решаваат проблеми по однапред одредени правила и чекори

-Даваат свое мислење за чекорите кои ги превзеле во изготвената активност

-Учат по пат на обиди и грешки  

Првата активност беше раскажување на приказна за тетка Коди, која имала две дечиња близначиња Максим и Руби. Максим бил голем љубител на тимската игра фудбал, додека Руби многу ја сакала природата, прошетките во неа, сакала да ја истражува природата. На нејзините дечиња им се ближел роденденот, а таа сакала да ги изненади да им сошие убава облека, на Максим спортска, дрес и шорцеви додека пак на Руби маичка и сукњичка. Таа напишала упатства и правила како да изгледа облеката. Сега, драги дечиња редот е ваш откријте како ќе изгледа облека за близначињата Максим и Руби. Еве ги упатствата и правилата за да ја обоите нацртаната облека.

Еве како ги обоивме Максим и Руби, работевме во парови, можеби некаде згрешивме, но откривме како ќе бидат облечени за нивните родендени.

Потоа со помош на апликацијата "Quiver" Максим и Руби ги направивме живи ликови, видиме како им стои нивната нова роденденска облека, што ја креиравме според одредени правила. Ги согледавме грешките во боењето на ликовите.

Откако завршивме со креирањето на облека, и го пакувавме куферот на тетка Коди со облека за на пат за една седмица.

Завршна активност ни беше возбудлива и интересна, игра „Облечи го своето другарче“ (работа во парови), имавме изготвена табела 5x5 со старт и крај позиција, легенда со нацртани парчиња од облека и почетните букви од парчињата и капачиња од пластични шишиња со испишани букви од внатрешната страна на капачињата од легендата, и подебел конец со кој се движевме низ табелата. Едниот ученик е кажувач, ги мести капачињата во табелата и му кажува на другарчето каде да се движи низ табелата, во различни насоки и воедно да собира капачиња се до моментот кога ќе се облече неговото дручарче пр.1 (кошула, пантолони, чевли), пр.2 (фустан, чевли), пр.3 ( блуза, сукња, чевли).

 

 Фото галеријата.

 

Посети: 365
 Линкови Контакт  Следете не
Биро за развој на образованието
Основно училиште "Свети Кирил и Методиј"        
Министерство за образование и наука

Ул. 1737 бр.1 - 1000 Скопје,

Република Северна Македонија

  Телефон: + 389 2 3164357  
  Факс: + 389 2 3164357  
  Е-Пошта: oukimsk[at]yahoo.com